Дома Фудбал Лига на шампиони Зошто Салах не ги прославуваше головите против Звезда?

Зошто Салах не ги прославуваше головите против Звезда?

salah

Мохамед Салах постигна два погодоци во победата на Ливерпул против Звезда, но на Островот ја забележаа неговата чудна реакција.

Руд Гулит како стручен коментатор забележа дека Салах реагираше ладнокрвно после головите против Црвена Звезда за разлика од неговите соиграчи.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


„Не ја разбирам неговата реакција, што тоа значи? Си постигнал гол во Лигата на шампионите, треба да си среќен. Дали ова е некаква порака, дали е среќен? Би требало да биде, за мене ова е чудно бидејќи не постигна многу голови од стартот на сезоната“, изјави Гулит алудирајќи на ситните повреди кои Салах ги имаше од стартот на сезоната.

Египќанецот не ја започна сезоната онака како што ја започна минатата и тоа ги загрижи навивачите на „црвените“. Сепак против Хадерсфилд постигна гол во победата од 1:0, а вчера беше стрелец на два погодоци.

После натпреварот по тој повод зборуваше и Клоп.

„Забележав, но не можев да го видам изразот на неговото лице од толкава дистанца. Сега е добро, во ред е, го постигна 50-тиот гол за клубот. Тоа е одлична бројка и би требало да биде благодарен на соиграчите. Се надевам ќе продолжиме во ваков ритам“, изјави Клоп.

https://www.youtube.com/watch?v=LMJYClxT3lY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Херојот на Италија по драмата со Хрватска: Голот? Дел Пјеро беше мојот идол од детството

Хрватска до 98. минута имаше пласман во осминафиналето на ЕП, но не издржа. Во осмата мину…