Дома Фудбал Дегенек со храбра изјава пред дуелот со Ливерпул

Дегенек со храбра изјава пред дуелот со Ливерпул

Фудбалерите на Црвена Звезда вечерва со почеток во 21 часот ќе гостуваат кај Ливерпул на Енфилд, каде многумина им предвидуваат катастрофа слична на онаа од Париз.

ПСЖ во претходното коло ја прегази Звезда со 6:1, а фудбалерот на белградскиот клуб Милош Дегенек смета дека на Енфилд нема да биде така.

„Спремни сме. Атмосферата е феноменална и се радуваме на натпреварот. Нема да биде како во Париз, извлековме поука од тој пораз и се спремивме добро за овој натпревар. Ќе ни значи тоа искуство.“ – изјави Дегенек, кој потоа можеби малку ги потцени Црвените:

„Знаеме што очекуваме. Ливерпул нема толку квалитетни индивидуалци, но има специфичен начин на игра кој треба да го неутрализираме. Имаа одлични напаѓачи, играчите од средниот ред даваат голови, опасни се од прекини. Но, ќе гледаме да ја искористиме секоја можна шанса.“

На прашањето може ли да ги уплаши атмосферата на култниот Енфилд, Дегенек даде храбар одговор.

„Нема да се уплашиме, бидејќи атмосферата на нашиот стадион е уште подобра. Нашите навивачи знаат да приредат спектакуларен амбиент, па така на Енфилд нема од што да се изненадиме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…