Дома Фудбал Италија Официјално: Берлускони во Монца доведе поранешен тренер на Милан

Официјално: Берлускони во Монца доведе поранешен тренер на Милан

Како што е познато поранешниот сопственик на Милан од крајот на септември повторно е „газда“ на еден фудбалски клуб.

Берлускони тогаш го финализираше купувањето на третолигашот Монца, а во новиот проект веднаш му се придружи и Адријано Галијани, десната рака од славните денови во Милан.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сега Берлускони во Монца доведе уште еден стар познаник од „Сан Сиро“, Кристијан Броки.

Имено, Марко Зафарони доби отказ на клупата на Монца откако на пет натпревари во Серија Ц не успеа да запише ниту една победа, па на неговото место денес официјално пристигна Броки, поранешен тренер на Милан.

Иначе, 42 годишниот Броки и како играч долги години беше член на Милан каде што ја започна кариера. Тренерската кариера ја започна во младинскиот погон на „росонерите“, додека првиот тим го водеше кон крајот на сезоната 2015/2016.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул продава тројца фудбалери пред да купи нова ѕвезда од 150 милиони фунти

Ливерпул го заврши трансферот на вториот играч на Арне Слот, откако Милош Керкез се приклу…