Дома Фудбал Останато Жестоки критики на сметка на Болт: Тој е манипулатор!

Жестоки критики на сметка на Болт: Тој е манипулатор!

bolt

Некогаш најбрзиот атлетичар во светот Усаин Болт изминатите натпревари започна сериозно да се занимава со фудбалот во обид на 32 години да започне фудбалска кариера.

Болт започна тренирајќи со разни колективи меѓу кои беше и Борусија Дортмунд, одигра и неколку пријателски натпревари, а сега е во Австралија каде сериозно е посветен на Централ Кост Маринерс и според последните информации овој клуб ќе му понуди професионален договор.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сите кои барем еднаш сме го виделе Болт на дело на фудбалскиот терен, можевме да забележиме дека Јамајканецот и не е предобар со топка и дека брзината е неговиот најголем адут.

Таков е и впечатокот на напаѓачот на Челзи, Џими Флојд Хаселбанк кој имаше што да каже на таа тема.

„Многу се зборува за Усаин Болт, но тој всушнсот само манипулира со медиумите онака како и што сакаше во текот на целата кариера. Зошто мислите дека тоа не го прави и сега?“, запраша Хаселбанк кој е убеден дека Болт нема да има фудбалска кариера каква што тој очекува.

Ќе потсетиме неодамна Болт ги постигна првите погодоци за австралискиот тим на пријателски натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…