Дома Фудбал Лига на шампиони Потврдено: Јувентус без Манџукиќ против Манчестер Јунајтед

Потврдено: Јувентус без Манџукиќ против Манчестер Јунајтед

mandukic

Јувентус утре му гостува на Манчестер Јунајтед во рамките од третото коло во Лигата на шампионите, а во тој натпревар денес беше и потврдено дека „старата дама“ ќе биде без Марио Манџукиќ.

Како што пишуваат италијанските и англиските медиуми, Манџукиќ ќе го пропушти натпреварот поради истегнување глуждот на левата нога.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач оваа сезона е еден од најдобрите играчи на клубот од Торино. Оваа сезона постигна четири погодоци во Серија А, а запиша и две асистенции.

Од друга страна Алегри за утрешниот натпревар ќе може да смета на Кристиано Роналдо на кого му истече суспензијата во Лигата на шампионите. Одличниот Португалец се враќа на „Олд Трафорд“ каде што помина шест сезони.

Повикани играчи кај Јувентус за утрешниот натпревар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…