Дома Македонски спорт Мак фудбал Дербито кое ќе се памети по спорниот гол го доби Шкендија, тетовци на -4 од Вардар

Дербито кое ќе се памети по спорниот гол го доби Шкендија, тетовци на -4 од Вардар

pmf

Денес беа одиграни натпреварите од 10-тото коло во македонското фудбалско првенство, а секако најголемо внимание привлекуваше дербито помеѓу Вардар и Шкендија.

Вардар и Шкендија натпреварот на колото го одиграа на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде што на крајот гостите од Тетово славеа победа од 0:2.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Дербито не изобилуваше со фудбалска убавина, а првиот гол ќе биде предмет на многу коментирање во јавноста. Изаир Емини во судиското продолжение од првото полувреме испрати удар кој според фудбалерите на Вардар не ја мина гол линијата.

Сепак, главниот судија на натпреварот покажа кон центарот, по што следуваа бурни реакции на фудбалерите, но тоа не ја промени одлуката, Шкендија на полувреме замина со предност од 0:1.

Во вториот дел Вардар не направи премногу шанси за да изедначи, а точка на натпреварот стави Бесарт Ибраими кој погоди за 0:2. Треба да се спомене и дека голманот на Вардар Филип Гачевски имаше одличен настап.

Останати резултати:

Беласица – Победа 2:1

Македонија Ѓ.П – 1:0

Ренова – Работнички 0:2

Шкупи – Силекс 2:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…