Дома Фудбал Италија Фенерџиите во Серија А одиграа фантастичен натпревар со шест погодоци

Фенерџиите во Серија А одиграа фантастичен натпревар со шест погодоци

Одличен натпревар на стадионот „Бенито Стрипе“ одиграа екипите на Фросиноне и Емполи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Малку кој очекуваше екипи како Фросиноне и Емполи да понудат големи возбудвања, но тие одиграа одличен натпревар кој заврши без победник 3:3.

До водство стигнаа домаќините со автоголот на Силвестре во осмата минута, за во 32-та Зајц да го изедначи резултатот.

Во вториот дел после само три минути игра стрелецот на изедначувачкиот гол му асистира на стрелецо на автоголот Силвестре за пресврт и водство на Емполи од 1:2.

Потоа во наредните 15 минути видовме нов пресврт, Чофана изедначува во 52-та минута, а истиот фудбалер 11 минути подоцна носи предност за домаќините.

За изедначување и точка на одличниот натпревар стави Уџан во 79 минута кој постигна гол за 3:3.

После ова реми и двете екипи останаа во опасната зона. Фросиноне е претпоследен со два бода, Емполи е пред нив со четири бода повеќе.

Интересно е тоа што овие две екипи пред една година, одиграа исто така 3:3 само тогаш во Серија Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…