Дома Фудбал Репрезентации Нереално, но вистинито: Гибралтар во четири дена има повеќе победи отколку Германија цела година!

Нереално, но вистинито: Гибралтар во четири дена има повеќе победи отколку Германија цела година!

gibraltar armenia

Звучи зачудувачки, но таква е реалноста – Гибралтар запиша повеќе победи на официјални натпревари во четири дена отколку Германија во цела година!

Гибралтарците откако прирердија сензација на гостински терен против Ерменија, три дена подоцна ја запишаа првата победа на домашен терен против Лихтенштајн. После четири коло во групата Гибралтар и Ерменија имаат по шест бодови во групата во која ние сме лидери со девет освоени бодови.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Да, противниците им се далеку послаби од оние на Германија, но со оглед на силата на двете репрезентации неверојатно е како Германија има само една победа во официјални натпревари во целата календарска 2018 година. За бламажата на Светското првенство веќе е се кажано. Во Русија запишаа само една победа и тоа благодарение на мајсторијата на Крос во последните минути во натпреварот против Шведска. Доколку, Крос тогаш не погодеше Германија се уште ќе чекаше победа оваа година.

Не се покажаа ниту во пријателските натпревари. Едвај славеа против Саудиска Арабија во припремите за Светското првенство (2:1), а со ист резултат неодамна го победија Перу. Од останатите пријателски натпревари беа поразени од Австрија и Бразил, а ремизираа против Шпанија.

Во Лигата на Нации имаат само еден бод од три натпревари. Одиграа 0:0 на отварањето против Франција, но потоа ја прегазија Холандија со 3:0, а во последниот натпревар загубија од Франција со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…