Дома Фудбал Останато Венгер потврди: Се враќам на 1-ви јануари!

Венгер потврди: Се враќам на 1-ви јануари!

Aрсен Венгер повторно е во центарот на виманието, искусниот стратег во претходните денови се поврзуваше со неколку позиции, а сега едно е сигурно се враќа на – 1- ви јанаури!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Човекот кој скоро целата своја тренерска кариера ја помина во Арсенал во интервјуто за „Спорт Билд“ потврди дека не е пензиониран и дека ќе се врати во првиот ден од новата година.

„Да, не сум пензионирам. Се враќам на 1-ви јануари. Се уште не знам каде, се одмарам и спремам да работам повторно“, изјави Венгер.

Во медиумите неодамна се поврзуваше со директорска функција во ПСЖ, но Венгер само откри дека постојат повеќе понуди.

„Постојат асоцијации, национални тимови, исто така може да биде Јапонија. Имам големо искуство на различни нивоа. Можам да кажам дека добивам понуди од целиот свет“, откри Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mурињо може да води нов клуб во Премиер лигата!

Во овој период со многу нагаѓања за новиот тренер на Њукасл и иднината на Еди Хау, англиск…