Дома Останати Братучедот на Кабиб кој влезе во кафезот овој викенд ќе се бори против Србин

Братучедот на Кабиб кој влезе во кафезот овој викенд ќе се бори против Србин

Пред нешто повеќе од недела Кабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор во Лас Вегас, а сега своја борва ќе има братучедот на Кабиб кој влезе во кафезот по борбата Абубакар.

Овој викенд (во сабота) ќе се одржи турнирот „ПФЛ 10“, на кој Абубакар бил резерва, но сега добил шанса да се бори против Србинот Бојан Величковиќ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причината поради која Абубакар добил шанса е повредата на Бразилецот, Жоао Зеферин. Зеферин се откажал после две победи поради повреда, па братучедот на Кабиб кој стана познат по влегувањето во кафезот ќе добие шанса.

Абубакар во својата кариера има скор од 15 победи и две победи, а токму него Кабиб го смета за еден од најблиските соработници.

Ќе потсетиме, Абубакар после хаосот кој настана во Лас Вегас на социјалните мрежи ги покажа последиците од директниот судир со Конор.

https://www.youtube.com/watch?v=MWVDj1nKviQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…