Дома Фудбал Англија Саутгејт: Голема грешка е што Премиер лигата почнува толку рано

Саутгејт: Голема грешка е што Премиер лигата почнува толку рано

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го искритикува раниот старт на Премиер лигата и тврди дека тоа негативно се одразува на националниот тим.

Премиер лигата стартуваше помалку од еден месец по завршувањето на Светското првенство, на кое Англичаните играа полуфинале, додека другите поголеми првенства во Европа добија поголем одмор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не разбирам зошто нашето првенство започна толку рано, тоа навистина не им е лесно и на клубовите. На некои менаџери им беше тешко да соберат целосен тим за првите натпревари, како на пример Тотенхем. Имаа толку многу фудбалери во полуфиналето, а малку по него тие мораа да играат и за првенството. Тоа е невозможно“, изјави Саутгејт.

Капитенот Хари Кејн е во серија од шест последователни натпревари без гол за Англија и не е во најдобра форма, но сам изјави дека не му треба одмор. Дани Роуз и Лук Шо пак се двајца од петмината репрезентативци кои не се најдоа во групата на Саутгејт поради различни повреди.

„Мислам дека проблемот е повеќе психолошки, а не физички. Видете ги тимовите во првенството. Има некои тимови, кои се уште не можат да го соберат целиот тим поради повреди“, додаде Саутгејт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…