Дома Фудбал Италија Новото засилување на Интер јавно призна дека не е задоволен!

Новото засилување на Интер јавно призна дека не е задоволен!

Ова лето на „Џузепе Меаца“ како големо засилување пристигна аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез.

Иако многу се очекуваше од Аргентинецот, сепак Спалети му дава мала минута, па неговиот татко јавно потврди дека не е задоволен.

Спалети му дава предност на Икарди, но таткото и агент на Лаутаро Мартинез тврди дека двајцата треба да играат заедно.

„Во моментов ситуацијата е навистина лоша, но тоа е фудбал. Спалети игра со еден напаѓач. Немаме ништо против Икарди кој многу му помага на Лаутаро, но двајцата можат да играат заедно. Едноставно Лаутаро сака да игра повеќе“, изјави таткото на Аргентинецот.

Лаутаро Мартинез ова лето пристигна во Интер за 24 милиони евра, а до сега само на четири меча беше во стартниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…