Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски и Пандев едногласни: Одиме на победа!

Ангеловски и Пандев едногласни: Одиме на победа!

Македонската репрезентација утре го игра третиот натпревар во Лигата на нации, против Лихтенштајн на домашен терен.

Селекторот Ангеловски укажа на значајноста на мечот и истакна дека треба да им се даде континуитет на двете стартни победи.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Очекувам ново одлично издание на нашите фудбалери, тоа што ќе го имаат како задача да го извршат максимално. Овој меч е многу значаен за нас, Лихтенштајн е во фокусот, воопшто не размислувам за наредните мечеви. Ги имаме сите потребни информации за ривалот, ова ќе биде различна средба од онаа во квалификациите за СП. Резултатите со Лихтенштајн се само едно убаво минато, па ќе мора да одиграме од почеток на високо ниво на оваа средба. Во фудбалот е јасно, противникот може да одигра колку што ќе му дозволите“, истакна Ангеловски.

Пред утрешниот меч ќе биде одбележан и еден голем јубилеј, 25 години од првиот официјален натпревар на македонската фудбалска репрезентација.

„25 години е голем јубилеј се надеваме дека со победа ќе го прославиме. Со нетрпение го очекуваме мечот со Лихтенштајн. Овие два натпревари се одлучувачки за нас, се надеваме дека ќе победиме утре и во мирна атмосфера ќе се подготвиме за дуелот со Ерменија. Атмосферата во репрезентацијата никогаш не била подобра, владее големо другарство во тимот“, изјави капитенот Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …