Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Ајакс, но проблем е Раиола

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Ајакс, но проблем е Раиола

Манчестер Јунајтед пројавува сериозен интерес за младата ѕвезда на Ајакс Матаис де Лихт, но поради интересна причина во овој момент „црвените ѓаволи“ да се вклучат во борбата за неговиот потпис.

Се работи за големата ѕвезда на тимот – Пол Погба и неговите затегнати односи со Жозе Мурињо како и со неговиот манаџер Мино Раиола.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Португалецот цело лето сакаше да доведе врвен дефанзивец на „Олд Трафорд“, а тоа ќе биде приоритет и во зимскиот преоден рок. Сега Де Лихт изгледа како одлична опција за Јунајтед, но проблем е неговиот менаџер Мино Раиола.

Италијанецот категорично одбива да го испрати еден од најпосакуваните таленти на „Олд Трафорд“, поради конфликтот помеѓу Погба и Мурињо, кој трае веќе подолго време.

За Де Лихт силен интерес покажува Барселона, како и италијанските гиганти Милан и Јувентус.
https://youtu.be/GqPsndIojKg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…