Арон Ремзи нема намера да стави потпис на нов договор со Арсенал, па следното лето ќе си замине од „Емирати“ како слободен агент.
Клубот му понуди нов договор, но Рамзи одлучи да ја промени средината, но сака да остане во Арсенал до јуни и не размислува да замине во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имам договор со Арсенал и се надевам дека оваа сезона ќе постигнеме нешто посебно“, изјави Рамзи.
Англиските медиуми шпекулираат дека Ремзи имал понуда за плата од 110.000 фунти неделно, но неодамна му соопштил на раководството дека нема да потпише нов договор.
„Мислам дека дојдовме до ситуација кога се согласивме за новиот договор, но тоа веќе не е случај и морам да продолжам да играм најдобро за Арсенал и ќе видиме што ќе се случи. Но одлуката е веќе донсена“, додаде Ремзи.
Aaron Ramsey confirms he WILL run down Arsenal contract and leave on free next summer | @pjcadden https://t.co/G8UgguGQ2a pic.twitter.com/c1GHn9uDKi
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) October 12, 2018