Младиот дефанзивец на Ајакс и холандската репрезентација, Матијас де Лихт е најголем трансфер приоритет на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Де Лихт кој има само 19 години во Барселона го сметаат како наследник на Џерард Пике и ќе направат се за да го доведат на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот стопер веќе ги импресионираше сите големи европски клубови, а веќе запиша и девет настапи во дресот на холандската репрезентација.
Неговиот договор со Ајакс истекува во 2021 година, но јасно е дека холандскиот клуб нема да може да го задржи по завршувањео на сезоната.
Барселона е спремна да ја победи големата конкуренција и наводно веќе стапила во контакт со неговиот агент.
Barcelona set to move for Matthijs de Ligt and Adrien Rabiot with Dutch starlet branded the 'new Pique' https://t.co/kQl8xmI477
— MailOnline Sport (@MailSport) October 10, 2018