Дома Останати Кабиб профитира на сите полиња – неговиот Инстаграм „растури“ после борбата!

Кабиб профитира на сите полиња – неговиот Инстаграм „растури“ после борбата!

Дагестанецот Кабиб Нурмагомедов и понатаму е топ тема во светските медиуми после борбата со Конор Мекгрегор каде што го одбрани шампионскиот појас во УФЦ во лесна категорија.

Освен што Кабиб профитираше во финансиска смисла, победата добро му дојде и поради популарност која експресно му порасна, а во денешно време тоа најдобро се забележува на друштвените мрежи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Така на Инстаграм Кабиб после завршувањето на борбата добил повеќе од четири милиони фанови, што значи дека неговата популарност на оваа мрежа е зголемена скоро двојно повеќе.

Нурмагомедов сега на Инстаграм го следат 11.4 милиони фанови, а последните негови објави собраа преку милион „лајкови“.

Кабиб беше популарен и пред борбата, но после борбата стана планетарно познат и еден од најпознатите борци на денешницата, но кога во прашање е Конор и понатаму е далеку од него бидејќи Ирецот има 28 милиони следбеници.

View this post on Instagram

Чего не хватает ?)

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…