Пако Алкасер викендов постигна хет-трик за Борусија Дортмунд и веќе има шест постигнати гола за само 81 минута поминати на теренот во Бундеслигата.
Никогаш до сега во германското првенство немало голгетер со толку ефикасна статистика. 25-годишниот Шпанец постигнува гол на секои 13.5 минути, па статистичарите се шегуваат дека доколку го задржи темпото ќе ја заврши сезоната со 186 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алкасер ова лето пристигна на позајмица од Барселона, но „милионерите“ на крајот на сезоната имаат можност да го откупат за 25 милиони евра.
„Привилегирани сме ви секој момент да можеме да ја активираме откупната клаузула. Ние имаме предност пред останатите клубови“, изјави директорот на Борусија, Михаел Цорк.
„Билд“ пренесува дека „милионерите“ сигурно ќе ја активираат клаузулата, па дури и Барса ако сака да го врати, нема да може да стори ништо.
• First player in Bundesliga history to score 6 goals in his first 3 appearances.
• All 6 goals have come as a substitute (80 minutes of action).
• Bundesliga top scorer.Paco Alcacer.#BVB #BVBFCA pic.twitter.com/joNAyzWCqf
— Bundesliga Spotlight (@BundesligaSpot) October 6, 2018