Тимот на Интер во вчерашниот натпревар против СПАЛ славеше победа од 2:1 и така ја продолжи добрата серија.
Победата на „нероаѕурите“ им ја донесе капитенот Мауро Икарди кој беше стрелец на двата погодоци.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Овие два погодоци го сместија Икарди рамо до рамо со легендарниот италијански напаѓач, Бобо Виери. Виери своевремено настапи на 143 натпревари во Серија А и успеа да постигне 103 погодоци.
Сега до бројката од 103 погодоци стигна и Икарди, разликата е во тоа што на Аргентинецот му беа потребни 165 натпревари.
Во Лигата на шампионите, Икарди „брка“ достигнување на уште една легенда на Интер, Бразилецот Адријано. Аргентинецот постигнуваше голови на првите два натпревари во Лигата на шампионите, додека Адријано своевремено беше стрелец на првите три.
За такво достигнување на Икарди му е потребен гол против Барселона.
https://www.youtube.com/watch?v=Q4KcuNOspZA