Полскиот напаѓач Криштоф Пиатек е апсолутна сензација оваа сезона во Серија А, а попладневе сруши уште еден рекорд.
Џенова загуби на домашен терен од Парма со 1:3, но Пиатек го постигна својот 9-ти гол оваа сезона и тоа на само седум натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полјакот даде и 4 гола во куп натпреварот против Лече, па има вкупно 12 гола оваа сезона.
Пиатек со денешниот гол го израмни рекордот на Бобо Виери, кој во сезоната 2002/03 постигна гол на првите седум меча во Серија А.
Апсолутниот рекорд го држи Габриел Батистута, кој во сезоната 1994/95 постигна гол на секој од првите 11 меча во првенството.
Новата ѕвезда е родена – Криштоф Пиатек!
https://youtu.be/NM5NizpUh_w