Дома Фудбал Англија Арсенал блиску до првото јануарско засилување

Арсенал блиску до првото јануарско засилување

Откако стана извесно дека Арон Ремзи на крајот од сезоната ќе ги напушти редовите на Арсенал, челниците на Топџиите да тргнат во потрага по негова замена.

Според зборовите на претседателот на МЛС екипата Атланта Јунајтед, Арсенал веќе стапиле во контакт со нивниот клуб околу ангажирање на талентираниот Парагваец Мигел Алмирон.

„Иднината на Алмирон е веќе одлучена, ќе замине во Англија во текот на зимскиот преоден рок во Европа.“ – порача првиот човек на Атланта, кој додаде дека за услугите на овој 24. годишен играч Арсенал ќе плати 13 милиони евра.

Топџиите наводно и во летниот преоден рок се обидувале да го донесат во своите редови Парагваецот, но преговорите на крајот не резултирале со успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …