Дома Видео Спектакл на Сигнал Идуна парк, Пако Алкасер херој за Борусија

Спектакл на Сигнал Идуна парк, Пако Алкасер херој за Борусија

Пако Алкасер е одлично засилување за Борусија Дортмунд, а тоа го докажа и денеска.

Борусија во луд натпревар со 4:3 го победи Аусбург, иако губеше со 0:1, 1:2, а голот за победа го постигна Пако во 96 минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пако ги постигна и првиот и вториот погодок за Милионерите, а еднаш во листата на стрелци се запиша и Геце. Мора да додадеме дека Пако во три натпревари за Борусија постигна шест погодоци.

Борусија останува прва со 17 бодови, а зад себе се Вердер и Херта со по 14, Баерн со 13, но Баварците имаат и натпревар помалку.

Во меѓувреме, Шалке славеше над Дизелдорф со 2:0, Маинц и Херта одиграа 0:0, додека Хановер го победи Штутгарт со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Миралем Пјаниќ објави крај на неговата кариера

Играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ објави дека ја завршува својата кариера на 35 годин…