Дома Фудбал Oфицијално: Герет Саудгејт го продолжи договорот со Англија

Oфицијално: Герет Саудгејт го продолжи договорот со Англија

Актуелниот селектор на Англија, Герет Саудгејт денес и официјално ја продолжи соработката со „Гордиот Албион“.

Саудгејт репрезентацијата ја превзема кон крајот на 2016 година и ја водеше низ квалификациите за Мундијалот во Русија каде што стигна до полуфиналето, па продолжувањето на договорот е сосема логичен потег.

Новиот договор на Саудгејт има важност четири години, што значи дека токму тој ќе ја води селекцијата на Светското првенство во Катар.

Секако, претходно следи Европското првенство од кое Англичаните имаат големи очекувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…