Дома Останати Конор ја загрева атмосферата: Верувајте ми, ќе биде тоа застрашувачки нокаут! (ВИДЕО)

Конор ја загрева атмосферата: Верувајте ми, ќе биде тоа застрашувачки нокаут! (ВИДЕО)

Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов ги одработија јавните тренинзи во Лас Вегас. И додека Кабив се расправаше со публиката, Конор тоа го искористи за да им го даде на навивачите она што бараат – ново шоу!

Ирецот во недела (околу 5 часот по наше време) во кафезот ќе се сретне со непобедениот Кабиб Нурмагомедов, борец со одлична техника, но исто така и човек кој не е ни приближно вест во јавните настапи како неговиот противник. Додека тој се расправаше со навивачите, Конор искусно ја искористи приликата за ново шоу.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Верувајте ми ќе биде тоа застрашувачки нокаут. Него е лесно да го удрите, пемногу стои на пети и е предвидлив. Воопшто не се замарам со ништо, не мие гајле за неговото борење, техника или било што друго…Ќе му ја скинам главата, ќе нападнам од првата секунда, верувајте ми“, извикуваше Мекгрегор со што ги воодушеви неговите навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Дарко Панчев и Олмета, Дарко Панчев…“ – 33 години од историскиот пенал за Црвена Звезда во Бари

На денешен ден пред 33 години Црвена Звезда го направи својот најголем успех во историјата…