Дома Фудбал Италија Бенатиа: Само Јувентус може да го запре Јувентус!

Бенатиа: Само Јувентус може да го запре Јувентус!

Дефанзивецот на Јувентус, Мехди Бенатија заклучи дека неговиот тим е подобар во однос на минатата сезона, но сите треба да стојат цврсто на земја бидејќи се уште ништо не е освоено.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус имаше перфектен старт на сезоната и оствари седум победи во првите седум кола во Серија А. Притоа, во Лигата на шампиони има 6 бода после првите два меча.

Во Лига на шампиони секогаш е тешко, се соочивме со физички тим, но брзиот гол ги направи работите полесни. Го почитуваме противникот, игравме агресивно и не примивме гол. Мојот настап не е важен, но тоа што не примивме гол ни дава сигурност“, истакна Бенатиа.

„Кој може да не запре? Само ние. Имаме многу квалитет и тимот се подобри во однос на минатата сезона, но не смееме да мислиме дека сите натпревари ќе ги добиеме. Имаме многу цели и ако сакаме да одиме до крај, не треба да мислиме дека веќе сме победници“, порача Мароканецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Катар најде начин да има навивачи – си купува! (Фото)

Пред првиот натпревар на Катар на Светското првенство, што се игра вечерва во 21 часот про…