Дома Трансфер зона Арсенал ја сака новата ѕвезда од француското првенство!

Арсенал ја сака новата ѕвезда од француското првенство!

Арсенал е силно заинтересиран за новата ѕвезда на Лил, Николас Пепе, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пепе оваа сезона игра фантастично во дресот на Лил и го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Лион во летниот преоден рок понуди 26 милиони фунти, но понудата беше одбиена.

„Топџиите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и наводно спремиле понуда од 30 милиони фунти за крилниот напаѓач.

20-годишниот репрезентативец на Брегот на слоновата коста игра одлично во дресот на Лил каде на 40 настапи постигна 17 гола.

Интерес за Пепе покажуваат уште Барселона, Севиља и Тотенхем, но Арсенал во моментов е најблиску до неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…