Јувентус во голем стил ја започна новата сезона и во седум натпревари запиша исто толку победи, а во последното коло беше победен Наполи. Јасно тие се први фаворити за Скудетото, но нели е малку рано за честитки?
Да, „старата дама“ веќе си создаде предност од +6 бода, сепак да се честита титула после седум кола не е во ред, а таа доаѓа од поранешен член на Милан!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот против Наполи, Леонардо Бонучи добил честитка за нова титула и тоа од Никола Калиниќ
Бонучи и Калиниќ минатата сезона заедно настапуваа за Милан и сега кога веќе не се дел од таборот на „росонерите“ и понатаму останаа во контакт,
Стоперот се врати во Јувентус, а Калиниќ премина во Атлетико Мадрид.
Хрватот преку Инстаграм му ја честиташе титутлата на Бонучи, а таквиот негов потег предизвика лавина коментари, секако поголемиот број беа негативни.
Ќе потсетиме, Калиниќ ова лето направи безмислен потег кога одби да влезе во игра за Хрватска на Мундијалот, па селекторот Далиќ го испрати дома. Подоцна неговите сонародници стигнаа до финалето, а Калиниќ место да биде дел од историскиот успех, натпреварите ги гледаше од својот дом.