Дома Фудбал ВИДЕО: За Де Роси победа во дербито на Рим е нешто посебно – неговата прослава е доказ!

ВИДЕО: За Де Роси победа во дербито на Рим е нешто посебно – неговата прослава е доказ!

Фудбалерите на Рома во саботното дерби против градскиот ривал славеа победа со 3:1 во градското дерби против Лацио во рамките од седмото коло од италијанската Серија А.

„Волчицата“ не ја започна баш најдобро сезоната, но во три дена успеаа да врзат две победи и така да си ја вратат барем малку самодовербата. Сепак, победат над лутиот ривал е нешто посебно.

Рома денес објави интересно видео од постигнувањето на вториот гол кој беше дело на Алексаднар Коларов. Познато е дека Коларов и Џеко имаа интересна „финта“ при голот, но Де Роси сега е во прв план.

Неговата прослава на погодокот на голот доволно зборува колку капитенот на Рома сакаше да победи во градското дерби против луитот ривал. Едноставно немаше сила ниту да потрча, само се сруши на тревникот на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…