Дома Фудбал Во Милан се мачеше, а вчера во Ла Лига сруши рекорд на Ибрахимовиќ

Во Милан се мачеше, а вчера во Ла Лига сруши рекорд на Ибрахимовиќ

silva

Португалскиот напаѓач Андре Силва го направи вистинскиот потег кога во текот на летото одлучи да го напушти Милан и да се пресели во редовите на Севилја.

Силва во вчерашната победа на Севилја над Еибар од 3:1 постигна два погодоци и така стигна до бројката од седум гола на своето конто оваа сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Она што е интересено, фудбалерот кој се мачеше во Милан сега стана играчот кој најбрзо успеал да постигне седум гола во шпанската Ла Лига.

Со вчерашните два гола тој го помина Златана Ибрахимовиќ кој го носеше дресот на Барселона.

Во Милан сигурно имаат за што да жалат, Севилја го доведе на позајмица со право откуп идното лето за сума од 30 милиони евра и нема сомневање неговиот договор и ќе биде откупен доколку продолжи со вакво темпо.

Иначе и Севилја игра одлично на стартот, па после седум одиграни кола има освоено 13 бодови и се наоѓа на третата позиција со бод помалку во однос на Барселона и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…