Италијанска Moнца од денес и официјално доби нови сопственици.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Силвио Берлускони и Адријано Галијани се вратија во фудбалот. Не се на голема сцена како некогаш во Милан, но кога се такви експерти во прашање не би било чудно и за некоја година Монца да ја гледаме и во Серија А.
Компанијата на Берлускони во целост ја купи италијанска Монца, неговиот помлад брат ќе биде дел од клупската структура додека Адријано Галијани ќе биде поставен за извршен директор.
„Финвест купи 100% од уделот во клубот. Новиот управен одбор ќе го сочинуваат Никола Коломбо (претседател), Паоло Берлускони, Адријано Галијани, Роберто Мацо и Данило Пелегрино. Галијани е поставен за извршен директор“, стои во официјалното соопштение.
Извештаите од Апенините гласат дека нив би можел да им се придружи и Рикардо Кака кој би се вратил од пензија и би бил играч на Монца, секако ова пред се ќе биде потег за подобар маркетинг на клубот.