Oна што веќе долго време се шпекулира сега доби и потврда.
Автобиографијата на Франческо Тоти конечно е во продажба и во неа може да се прочитаат навистина интересни работи, една од нив се однесува на последниот состанок помеѓу тренерот на Рома и Спалети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме во еден момент Тоти под водство на Спалети беше преселен на клупата за резерви, а сега во биографијата на фудбалерот може да се најде и последниот состанок помеѓу него и тогашниот стратег на „волчицата“.
Спалети: Што е доста, доста е. Нема корист да продолжиме, не разбираш. Направи грешка и сега оди си дома.
Тоти: Во ред. Ќе ја прифатам казната. Но ќе видиме кој ќе ги сноси последиците.
Спалети: Дали тоа е закана?
Тоти: Знаеш и самиот дека имам поддршка од луѓето. До сега зборував се најдобро за тебе, но ти сакаш да ме избркаш. Прифати ја одговорноста за своите постапки.
Спалети: Ист си како останатите. Не си незаменлив, заборави на тоа.
Тоти: Кукавицо, сега не сум ти потребен веќе. Дојде овде со задача и заврши ја!