Дома Фудбал Италија Првиот човек на Фиорентина со жестока изјава: Најдобар играч на Интер беше главниот судија

Првиот човек на Фиорентина со жестока изјава: Најдобар играч на Интер беше главниот судија

Со вчерашниот натпревар Интер и Фиорентина го отворија шестото коло во Серија А, овој натпревар донесе и малку контроверзии.

Во центарот на вниманието се најде главниот судија на натпреварот Паоло Мацолени кој досуди пенал за Интер во финишот од првото полувреме.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Првобитно Мацолени не покажа на белата точка, но после прегледувањето на ВАР му овозможи на Икарди да постигне гол за 1:0, Интер на крајот запиша победа од 2:1, а претседателот на Фиорентина Марио Когнини беше остар во изјавата за медиумите.

„Судењето на Мацолени беше провокативно и пристрасно. Штета поради натпреварот, можеше да гледаме навистина одлична средба, но тој се уништи. Мацолени беше најдобриот играч на Интер“, изјави првиот човек на „виолетовите“ и додаде:

„Одигравме одличен натпревар, но ВАР не уништо. ВАР е вистинската работа за исполнување на нечии желби“, заврши Когнини.

Нема сомневање дека Фудбалскиот Сојуз на Италија жестоко ќе го казни поради ваквиот начин на излегување во медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Герет Бејл има нова идеја: Ќе го купи клубот од неговиот роден град!

Поранешната ѕвезда на велшкиот фудбал, Герет Бејл, последните денови беше во центарот на и…