Дома Фудбал Валверде: Секоја чест за Модриќ, но Меси е најдобриот на светот

Валверде: Секоја чест за Модриќ, но Меси е најдобриот на светот

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека неговиот фудбалер Лионел Меси требаше да ја освои наградата за најдобар фудбалер на светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во ова натпреварување по избор на ФИФА славеше Лука Модриќ, а Лео Меси беше дури на петото место, што не му се допадна на тренерот од Барселона.

„Тоа е награда која се вика ‘The Best’, a играчот кој за нас е најдобар на светот не беше таму. Секоја чест за Модриќ, но Меси е најдобар на светот. Сите имаат свое мислење, имам и јас мое. “ – изјави Валверде.

Инаку, Лео Меси воопшто не присуствуваше на церемонијата во Лондон исто како и Кристијано Роналдо, со што на некој начин покажаа непочитување спрема победникот за 2018. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена сериозноста на страшната повреда на канадскиот фудбалер

Големата победа на Канада против Катар со 6:0, која им донесе прв историски триумф на Свет…