Дома Фудбал Донесена одлука: Спалети суспендиран поради прославата на погодокот

Донесена одлука: Спалети суспендиран поради прославата на погодокот

Фудбалерите на Интер во изминатиот викенд ја совладаа екипата на Сампдорија со 1:0 во натпревар од петото коло во италијанската Серија А.

Интер во еден неверојатен натпревар стигна до победа со гол во 94 минута. Многу внимание привлече тренерот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети кој после голот на Брозовиќ се сврте кон судијата и ја прослави победата.

Спалети беше незадоволен од неколку одлуки на делителите на правдата, а на крајот испрати провокација. Денес од Фудбалскиот сојуз на Италија потврдија дека Спалети ќе биде суспендиран на еден натпревар.

Интер својот следен натпревар во шестото коло од италијанската Серија А го игра утре против Фиорентина, а Спалети овој натпревар ќе го следи од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гласот на фудбалерите: По 26 кандидати за идеалните тимови на ФИФПРО

Повеќе од 26.000 професионални фудбалери учествуваа во изборот, а објавени се финалистите …