Дома Македонски спорт Мак фудбал Гачевски до Муслиу: Не можам да поверувам дека играч како тебе игра за репрезентацијата! (фото)

Гачевски до Муслиу: Не можам да поверувам дека играч како тебе игра за репрезентацијата! (фото)

Голманот на Вардар, Филип Гачевски го потсети неговиот поранешен соиграч, Висар Муслио кој денес ги брани боите на Шкендија на една негова изјава пред сезоната да започне.

Веќе е познато како Муслиу го изигра Вардар и заврши во најголемиот ривал на црвено-црните, Шкендија. Муслиу откако стана дел од Шкендија набрзо го навлече и гневот на навивачите на Вардар со неговите изјави во медиумите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сега голманот на Вардар го потсети Муслиу што зборуваше пред стартот на сезоната.

„Минатата сезона вториот дел беше полесен, затоа што Вардар имаше внатрешни проблеми, оваа година мислам дека ќе ни биде уште полесно, затоа што немаме вистинско ривалство со Вардар. Вардар оваа сезона е многу послаб“, гласи изјавата на Муслиу на која го потсети Гачевски.

Во продолжение Гачевски порача дека не може да си поверува дека Муслиу ги брани боите на Македонија и возврати на провокацијата.

gacevski

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…