Дома Фудбал Италија Спалети го објасни бизарното исклучување во финишот (ВИДЕО)

Спалети го објасни бизарното исклучување во финишот (ВИДЕО)

Tимот на Интер во вчерашниот натпревар против Сампдорија успеа да стигне до важни три бода и тоа со погодокот на Марсело Брозовиќ во судиското продолжение.

Стратегот на Интер, Лучијано Спалети на оваа средба заработи исклучување неколку моменти после погодокот на Брозовиќ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во прв момент не беше јасно зошто искусниот тренер е предвреме беше испратен во соблекувалната, но подоцна се појави и видео на социјалните мрежи. Имено, реакцијата на Спалети според судијата била претерана и сфатена како провокација кон помошникот судија, поради двата претходни гола на Интер кои беа поништени.

После натпреварот Спалети се обиде да го објасни неговиот потег.

„Сакав голот да го прославам пред телевиската камера, но судијата тоа го сфати поинаку и ми кажа дека сум претерал со прославата. Навистина немав никакви скриени намери, сакав на тој начин да го прославам голот кој беше навистина важен. Сепак, нивната проценка беше поинака, па бев исклучен“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ернандез ги договори условите – заминува на печалба во Саудиска Арабија

Францускиот лев бек Тео Ернандез е на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, откако, споре…