Тренерот на Интер, Лучијано Спалети призна дека го очекува тежок натпревар утре против Сампдорија и сака да го види истиот караткер кој што тимот го покажа против Тотенхем.
„Сампдорија е тежок противник и има тренер кој практикува модерен фудбал. Трите бода утре ќе означуваат многу повеќе од две победи со ред. Сакам да го видам од Интер истиот карактер и самодоверба како што покажавме против Тотенхем“, изјави Спалети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Врсаљко не е на располагање за утрешниот меч, но сите други фудбалери се на линија. Лаутаро Мартинез има потреба од повеќе време за да влезе во форма“, додаде тренерот на „нероаѕурите“.
Интер лошо ја отвори сезоната во Серија А и веќе после првите четири кола запиша два порази.
? | #Spalletti: "I don't know if these two days have been enough to recover. Matches such as the one on Tuesday use up more energy than normal games. We can only see tomorrow night." #SampdoriaInter pic.twitter.com/opHkEJ3zJJ
— Inter (@Inter_en) September 21, 2018