Франческо Тоти е вистински пример за верност и љубов кон својот клуб, па целата своја кариера ја помина во Рома.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако кариерата ја заврши со само една титула шампион на Италија, сепак Тоти ги одбиваше понудите на потрофејните клубови и остана на „Олимпико“.
Тоти од друга страна се обидувал да ангажира големи имиња да дојдат во Рома. Во разговор за Ла Република откри дека ги посакувал Кристиано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ.
„Секогаш говорев дека се големи играчи, вистински шампиони, потребни за освојување на трофеи. Се надевав дека Роналдо, Ибрахимовиќ и уште некои други великани ќе дојдат во клубот, но за жал имавме финансиски ограничувања и не можевме премногу да трошиме. Пробав да доведам големи имиња во Рома“, открива Тоти.
Тоти ја заврши кариерата со 786 настапи и 307 голови за Рома, а покрај Скудето освои уште и две титули во италијанскиот Куп.