Дома Фудбал Останато Модриќ: После Мундијалот бев уморен психички и физички!

Модриќ: После Мундијалот бев уморен психички и физички!

Ѕвездата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ изјави дека после завршувањето на Мундијалот се чувствувал многу уморен, но сега е веќе многу подобро.

33-годишниот плејмејкер имаше фантастична сезона, со Реал Мадрид ја освои Европа, а со Хрватска стигна до финалето на Светското првенство.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Бев исклучително уморен после Светското првенство, како физички, така психички. Сега се чувствувам подобро, играм редовно и сум многу посвеж“, истакна Модриќ.

„Златната топка? Не мислам за тоа, ако ја освојам ќе биде фантастично, ако не, ништо страшно, животот продолжува. Во секој случај јас сум многу благодарен“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Барселона: Се повреди Левандовски!

Барселона може да плати скапо за вчерашната голема победа против Селта со резултат 4:3 во …