Дома Фудбал Икарди го објасни волеј голот против Тотенхем (видео)

Икарди го објасни волеј голот против Тотенхем (видео)

Капитенот на Интер, Мауро Икарди после победата против Тотенхем во првото коло од Лигата на шампионите, смета дека неговиот тим може да игра поритв било кого.

Интер се до 86 минута од натпреварот губеше 1:0 од Тотенхем, а потоа Мауро Икарди со фантастичен волеј изедначи на 1:1, за седум минути подоцна Весино да погоди за комплетен пресврт.

Аргентинецот во изјавата после натпреварот прво го објасни својот спектакуларен гол.

„Сите беа во шеснаесетникот, но јас останав, го почуствував Асамоа и бев во право. Денес го направивме она што требаше. Знаеме дека Тотенхем е силен тим, но ние имаме квалитет и можеме да играме против било кого. Ваквите натпревари во Лигата на шампионите носат многу, сепак еден натпревар не значи ништо“, изјави Икарди.

Интер во Лигата на шампионите освен со Тотенхем игра во група со Барселона и ПСВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бронз го запре Сити, Ерпс го разочара Арсенал: Две дефанзивни лекции во Англија

Челси го доби големото дерби со одбрана предводена од Луси Бронз, а Мери Ерпс со осум инте…