Стратегот на Тотенхем, Маурисио Покетино призна дека фудбалерот кој го носи дресот се наоѓал на неговиот радар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Менаџерот на лондонскиот тим Маурисио Покетино на конференцијата за медиуми откри дека своевремено додека бил тренер на Еспањол го следел Кеита Балде.
„Да, точно е го следев Кеита Балде. Го следев како растеше во Барселона додека бев во Еспањол. Тој е интересен играч за нас, го сакав таму, но тој го избра Монако. Израсна во одличен напаѓач“, не ги штедеше комплиментите Покетино за репрезентативецот на Сенегал.
Токму Кеита Балде еден од играчите кои во натпреварот од 18:55 часот ќе претставува најголема закана за Тотенхем во дуелот на овие две екипи во Лигата на шампионите.