Дома Фудбал 72 години од денот кога Реал Мадрид беше на работ на испаѓање

72 години од денот кога Реал Мадрид беше на работ на испаѓање

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ во денешното издание се присети на денот кога најтрофејниот шпански клуб бил на работ на испаѓање.

Весникот се врати 72 години наназад, во сезоната 1947/48. Точно на 11-ти април „кралевите“ предводени од англискиот тренер Кијпинг играле натпревар „на живот или смрт“ во последното коло од Примера.

На Реал му била неопходна победа за да изгегне испаѓање во Секунда и да остане во елитата. До посакуваната победа дошол на гостувањето кај Овиедо со 2:0.

„Кралевите“ ја завршуваат таа сезона со 21 бод (7 победи, 7 ремија и 12 порази). Таа сезона од лигата испаѓаат Реал Хихон со 18 бода и Реал Сосиедад со 19 бода, а шампиони е Барселлона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…