Дома Фудбал И помош им треба и не го пуштаат: Челзи доби негативен одговор од Вест Хем

И помош им треба и не го пуштаат: Челзи доби негативен одговор од Вест Хем

„Плавите“ се во потрага по напаѓач во зимскиот преоден рок, а медиумите во Англија изминативе денови пишуваат дека на радарот на Конте се наоѓа 29-годишниот член на Вест Хем, Енди Керол.

Сепак од целата приказна нема да биде ништо, бидејќи Чеканите не сакаат да го пуштат својот напаѓач на „Стемфорд Бриџ“. Тоа го потврди и помошниот тренер на Вест Хем, Алан Ирвин.

„Ние не добивме никаква понуда за него, а клубот и онака не сака да го пушти, особено не на позајмица. Таква работа не би ни помогнала, а во позиција сме да ни треба апсолутно секаква помош, па не знам зошто би го пуштиле да замине“, истакна Ирвин.

Керол во досегашниот дел од сезоната одигра 12 натпревари за Вест Хем, постигнувајќи притоа два погодоци, а на своето конто има и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос откри зошто сакал да си оди од ПСЖ: Во Милан конечно имам простор

Португалскиот напаѓач побарал заминување уште во јануари, но ПСЖ го задржал до летото. Во …