Дома Македонски спорт 45 минути тешка борба во Тблиси!

45 минути тешка борба во Тблиси!

Репрезентацијата на Македонија денес го игра историскиот натпревар за пласман на Европското првенство против Грузија.

Финале се игра за да се победи, а токму тоа можевме да го видиме и од првото полувреме. И ние и Грузијците играме максимално претпазливо.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во првите 20 минути скоро и да не видовме ниту една шанса на двете страни, ние имавме два-три обиди преку контри, но не влеговме во 100% шанса. Велковски направи грешка во 26. минута и Грузија имаше контра, шутираше Окриашвили, а Димитриевски без проблем го скроти првиот удар воопшто на натпреварот. Четири минути подоцна Окриашвили имаше уште еден удар, кој за среќа не беше прецизен.

Очигледно е дека Грузијците одат на игра на долги топки за корпулентниот Качарава кој потоа спушта за соиграчите, најголемите опасности кон Димитриевски ги создадоа токму на таков начин. Во првиот половина час игра видовме и неколку наши грешки во додавањата и тоа секако не смее да ни се случува.

Првата голема шанса ние ја имавме во 34. минута кога Пандев шутираше со глава, но грузискиот голман успеа да одбрани, а топката заврши во корнер. Ова воедно беше и најголемата шанса до тој момент на натпреварот.

По нашиот добар период од 6-7 минути, Грузија имаше иницијатива, меѓутоа без некоја посериозна шанса за гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Чави со емотивна порака се прости од Барселона

Чави Ернандез се прости од Барселона откако клубот и официјално потврди дека нема  повеќе …