Дома Фудбал Останато 387 натпревари, 100 погодоци – Мичу заминува во пензија! (Видео)

387 натпревари, 100 погодоци – Мичу заминува во пензија! (Видео)

Шпанскиот напаѓач поради повреда е принуден да ја заврши својата кариера на 31 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ќе го паметиме по неговиот блесок во Свонси, вистинските љубители на англискиот фудбал сигурно се сеќаваат како ги тресеше противничките мрежи во својата дебитантска сезона во Премиер лигата (2012/2013).

Тоа беше најдобрата сезона во неговата кариера, Свонси во таа сезона успеа да стигне до трофејот во Лигата купот, потоа започна неговиот пад.

„Лебедите“ во 2014 година го продадоа на Наполи, под Везув не се прослави, следуваше враќање во татковината, одигра една сезона за третолигашот Лангрео, а минатата сезона ја помина во неговиот матичен клуб Овиедо. Освен за Овиедо, тој настапуваше уште за Селта и Рајо Ваљекано.

Мичу во 2013 година запиша и еден настап за репрезентацијата на Шпанија и тоа во натпреварот од квалификациите за Мундијалот во Бразил против Белорусија.

Во професионалната кариера одигра 387 натпревари и постигна 100 погодоци.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…