Кошаркарите на Работнички славеа над ТФТ Моцарт со 75:68 во третата четвртфинална средба во Купот на Македонија што се игра во Битола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Победата на Работнички им донесе пласман во полуфиналето, каде за противник го имаат актуелниот освојувач на трофејот – МЗТ Скопје Аеродром.
Тимот од Тафталиџе водеше и со 14 поени разлика во текот на мечот, но потоа следуваше пад на играта, па Работнички не дозволи изненадување.
Рикиќ беше централна фигура на мечот, центарот уфрли 23 поени со 9 скока и додаде 2 асистенции.