Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако ја изгубија битката за Ким од Наполи, сега се насочуваат кон Антонио Силва.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за 19-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед веќе почнал преговори со неговиот агент, но Бенфика сигурно нема лесно да се откаже од него.
Силва има договор до 2027 година и Бенфика нема да му дозволи да замине за сума помала од 50 милиони евра.