Примарна трансфер цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.
Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.
Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
Трнерот Пиоли одлично го познава СМС од времето кога работеше во Лацио и сака да го убеди да му се придружи на „Сан Сиро“.
Бидејќи на лето Сергеј ќе влезе во последната година од договорот се верува дека Лацио ќе мора да се задоволи со 30 милиони евра, сума која „росонерите“се спремни да ја платат.
🚨 AC Milan are interested in Sergej Milinković-Savić! 🔴⚫️
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 23, 2023
The Serbian's contract expires in 2024 and an offer of €25M-€30M might be enough! 🇷🇸
(Source: @Gazzetta_it) pic.twitter.com/hHncuqv6bW