Дома Трансфер зона Милан следи тројца играчи на Челзи

Милан следи тројца играчи на Челзи

Милан во зимскиот преоден рок сака да се засили со дури тројца фудбалери од Челзи, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.

Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари. „Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови и ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок на позајмица со право на откуп.

Вториот фудбалер кого го сака Милан е играчот за врска, Рубен Лофтус Чик. Тој одигра одлично против „росонерите“ во ЛШ и го привлече вниманието на Малдини.

Италијанскиот клуб е спремен да понуди 15 милиони евра во јануари за 26-годишниот англиски репрезентативец.

Покрај овие двајца, Милан ја следи и ситуацијата со Пулишиќ, кој е на излезна врата од Челзи, но неговата цена е проблем за „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…