Maкедонската фудбалска репрезентација вчера доживеа тежок пораз од Грузија на свој терен со 0:3 и така си ја направивме пеколно тешка задачата да стигнеме до првата позиција во групата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерите вчера беа под своето ниво, Грузија не надига и беше подобриот тим на теренот, ние скоро и да не создадовме 100% прилика за гол, се тоа беа некако полушанси.




„Направивме две-три грешки и Грузија ги искористи. Ни останува уште еден натпревар и сакаме да победиме. Ни недостасуваше завршница пред голот и после вакви натпревари мораме да се анализираме себе и да се фокусираме на тоа што не чека. Треба да ги средиме главите и да излеземе на терен по три бода“, изјави Дарко Чурлинов по натпреварот.




Македонија следниот натпревар го игра в недела од 18:00 часот против Гибралтар исто така дома.
Фото: ФФМ